Тренерот на фудбалскиот клуб Влазнија, Ернест Ѓока, е избоден со нож во Скадар.
Како што јавија албанските медиуми, нападот го извршило засега неидентификувано лице.
Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.
Мотивот за нападот засега е непознат.