Тренерот на Хјустон: Не знаеме кога ќе се врати Вестбрук

Од:

Тренерот на Хјустон Рокетс, Мајк Д’Антони ја коментираше ситуацијата со повредата на Расел Вестбрук. 31-годишниот плејмејкер на тимот има истегнат квадрицепс, што го остави надвор од сметките за првиот дуел од серијата со Оклахома.

– Не знам колку време ќе потрае да се опорави целосно. Добрата вест е дека тој работи напорно и се чувствува подобро. Прерано е да се каже уште колку дена ќе биде надвор од теренот. Никој не знае во моментот, рече Д’Антони пред „USA Today“.

Дури и без Вестбрук, Хјустон немаше проблеми со Оклахома во првиот натпревар и ги победи со удобни 123:108.

Вечерва се игра натпреварот бр.2, а по секоја веројатност Расел нема да учествува во него.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он