Тренерот Луковиќ и кошаркарот Мандиќ заминуваат од Куманово

Од:

Раководството на Куманово реши да ја прекине соработката со тренерот Љубислав Луковиќ и кошаркарот Вукашин Мандиќ.

Лошите резултати на КК Куманово во домашното првенство, но пред се во ФИБА Еврокупот каде единствениот македонски претставник ги загуби сите шанси да се пласира во следната фаза, беа доволна причина за раководството на кумановскиот тим спогодбено да ја прекине соработката со тренерот Луковиќ и играчот Мандиќ.

– Имавме долг состанок, на кој беше договорено спогодбено да се прекине соработката со Љубислав Луковиќ. Му благодариме за сработеното во досегашниот дел од сезонава, а наш нов тренер ќе биде Страшо Тодоровиќ, изјави директорот на кумановци, Младен Давидовиќ.

Инаку, Тодоровиќ на крајот на минатата сезона во слична ситуација ја презеде улогата на „шеф на стручниот штаб’’, па под негово раководство Куманово стигна до финалето од плејофот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос