Трајковски го напушти Работнички и потпиша за Аполон Патра

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Аполон Патра.

Информацијата за новиот ангажман на 206 сантиметри високиот крилен центар ја објави специјализираниот за кошарка порталот „Еуробаскет“.

Трајковски за националниот тим настапи на неодамна завршеното Европско првенство, а потоа беше без ангажман, за да се одлучи да игра за Работнички со отворен договор да си замине доколку добие поволна понуда.

Токму понудата од Аполон е причината тој за најтрофејниот македонски клуб да остане само на настапот од 1.коло против Кожув во Гевгелија.

Трајковски кариерата ја почна во Балкан Стил, а играше и за Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија, Чарни Слупск, Сигал Приштина.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос