Трагична смрт на српскиот спортист

Од:

Српскиот репрезентативец во веслање, 24-годишниот Немања Нешиќ, почина во својот чамец за време на тренингот.

Веслачот Нешиќ беше еден од тројцата кандидати за Олимписките игри во Лондон од Смедерево.

„Тој колабирал во чамецот, а тренерот бил многу близу. Веднаш го извадиле од чамецот и тргнале кон брегот каде го чекала Брза помош но, за жал тој веќе починал“, изјави генералниот секретар на Веслачкиот сојуз на Србија, Небојша Јевремовиќ.

Тој вели дека спортистот бил редовно прегледуван и ништо не упатувало на тоа дека може да дојде до таков трагичен исход.

„Вакво нешто не можевме да предвидиме. Немања беше извонреден веслач, освојувач на медали на европските првенства. Се работи за врвен спортист, пред само две недели ја веслаше квалификациската регата за ОИ“, рече Јевремовиќ за Танјуг.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси