Тото Волф: Не се плашам дека Мерцедес ќе ја изгуби мотивацијата

Од:

Шефот на Мерцедес Тото Волф верува дека неговиот тим нема да изгуби мотивација следната сезона во Формула 1 шампионатот.

– Сите сме уморни во одредена фаза од сезоната, бидејќи има многу потези, товарот е значаен. Но, чувствувам радост од мојата работа. Тоа што е најважно се односите во рамките на тимот, што ме мотивираат секој ден. Ако сакате да работите со луѓе околу вас, тогаш ова одржува високо ниво на мотивација. Верувам дека е многу важно да се будите секое утро со чувство за цел. Го чувствував ова сите изминативе години. Ми се допаѓа тоа што го правам, сакам да се борам за статус на најдобри. Мотивацијата е клучна за сите нас, истакна Волф.

Првиот оперативец на Мерцедес најави уште една сезона со могу вложен труд.

– Ние како тим работиме многу напорно на остварување на зацртаната цел. Не се секогаш важни парите или моќ з ада се стигне до посакуваниот резултат. Сигурен сум дека ќе можеме да поставиме возбудливи нови цели што ќе ни помогнат да преживееме и во тешките денови, потенцира Волф.

Мерцедес ја освои титулата во шампионатот последните шест години.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес