Тото Волф: Мерцедес загуби бодови во Белгија, треба да го затвориме поглавјето и да продолжиме понатаму

Од:

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за случувањата на белгиското ГП.

По етапата во Спа, Макс Верстапен од Ред Бул, ја намали разликата на Луис Хамилтон на три поени без да има извозено ниту еден круг на главната трка.

-Сите ние имаме причини за вознемиреност. Видовте што се случи. Веројатно, не треба да губиме надеж, треба да го затвориме ова поглавје и да продолжиме понатаму. Во извесна смисла, треба да им аплаудираме на навивачите кои поминаа три дена под дожд. Тие ја чекаа трката. Но, ако зборуваме за тимот, ние загубивме бодови, изјави Волф.

Вчера возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше погласен за победник на Големата награда на Белгија, која требаше да се вози на патеката СПА-Франкошамп, но поради силниот дожд не се одржа, па редоследот беше одреден според пласманот во квалификациите.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур