Раководството на Тотенхем ја разгледува можноста да го задржи капитенот Хари Кејн до крајот на следната сезона, а потоа да му дозволи да го напушти лондонскиот фудбалски клуб без обештетување, пренесуваат британските медиуми.
Тотенхем не одговори на последната понуда на Баерн од 100 милиони евра за трансфер на капитенот на лондонскиот клуб, што би можело да значи дека сметаат на Кејн во новата сезона која започнува следниот викенд.
Тој има договор со Тотенхем до јуни следната година, по што може да го напушти клубот како слободен играч и без обештетување.
Британските медиуми пренесуваат дека Кејн отворено лобира за преселба во Баерн, но се нагласува дека капитенот на „пејачите“ е подготвен да ја заврши и последната сезона од договорот со лондонскиот клуб.
Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со Тотенхем. Кејн (30) е член на Тотенхем од 2004 година, а минатата сезона на 49 натпревари постигна 32 гола.