Мурињо: Бензема и Кејн не се само стрелци, тие се фудбалери, другите напаѓачи не придонесуваат ништо за тимот ако не постигнат гол

Од:

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги пофали напаѓачите на Реал Мадрид и на Тотенехм, Карим Бензема и Хари Кејн.

– Малку ми е жал што Франција не се пласираше во четвртфиналето поради Бензема. Мислам дека тој конечно имаше шанса да добие некаква златна топка или нешто слично. Тој е неверојатен играч и играше навистина добро под голем притисок.

Кога бев во Тотенхем, понекогаш ме замолуваа да го споредувам Кејн со другите напаѓачи. Отсекогаш сум го споменувал Бензема затоа што овие напаѓачи им даваат многу на нивните тимови, дури и кога не постигнуваат гол.

Другите напаѓачи не придонесуваат ништо за тимот ако не постигнат гол. Тие се само стрелци. Овие двајца не се само стрелци, тие се фудбалери.

Бензема е фантастичен играч. Тој се грижи за себе, сега неговата форма е подобра отколку пред 10 години. Тој е подобар, посилен, побрз. Игра изненадувачки добро, изјави поранешниот тренер на Реал.

Франција на ЕВРО 2020 кое е во тек не успеа да се пласира во четвртфиналето, додека Англија за противник ќе ја има Украина.

Би можело да ве интересира

Трите деца на Хари Кејн се повредени во тешка сообраќајка

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Тотенхем е подготвен да го задржи Хари Кејн до крајот на следната сезона

Саутгејт се двоуми дали Хари Кејн да биде стартер против Велс

Карим Бензема е најдобриот фудбалер на светот