Кејн останува во Тотенхем

Од:

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн најави дека нема да го напушти лондонскиот клуб во летниот преоден рок.

– Беше неверојатно да се види приемот што навивачите на Спарс ми го приредија во неделата и да ги прочитам пораките за поддршка што ги добив изминатите неколку недели. Летово ќе останам во Тотенхем и ќе бидам 100% фокусиран да му помогнам на тимот да успее, напиша Кејн на Твитер.

Претходно беше објавено дека Манчестер сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за 28-годишниот Кејн.

Минатата сезона, Кејн одигра 49 натпревари на сите турнири, постигна 33 гола и постигна 16 асистенции.

Би можело да ве интересира

Трите деца на Хари Кејн се повредени во тешка сообраќајка

Тотенхем е подготвен да го задржи Хари Кејн до крајот на следната сезона

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Саутгејт се двоуми дали Хари Кејн да биде стартер против Велс

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем