Претплатниците на услугите на Тотал ТВ ќе можат ексклузивно да ги следат натпреварите од најдобрата европска кошаркарска лига на каналите на Sport Klub во следните пет сезони.
Јунајтед Медиа, водечката медиумска компанија во Југоисточна Европа, и Euroleague Basketball потпишаа нов петгодишен договор со кој се обезбедува пренос на натпреварите од Евролигата (Turkish Airlines EuroLeague) и Еврокупот (7DAYS EuroCup) на каналите на Sport Klub кои се во програмската понуда на Тотал ТВ.
Тоа значи дека претплатниците на Тотал ТВ, во рамките на своите пакети, ќе продолжат да уживаат во најпрестижната лига и натпревари за кои секогаш се бара повисока цена на билетот.
„Македонија е земја што ја сака кошарката, а Евролигата е едно од најгледаните спортски натпреварувања. Иако, во ова натпреварување нема македонски клуб, гледачите во Македонија со голема страст ги следат историските дуели помеѓу Барселона и Реал Мадрид, како и дуелите на другите гиганти на европската кошарка, а ние сме исклучително горди што нашите претплатници ќе можат да уживаат во најдоброто што го нуди европската кошарка. во следните пет години“, изјави Никола Тасев, извршен директор на Тотал ТВ.
Сите љубители на кошарката со Тотал ТВ можат да ги следат сите натпревари од Евролигата и Еврокупот каде било во Македонија, доколку се претплатат на некој од пакетите на Тотал ТВ.
ПР Текст