Торонто ја разгледува можноста во новата сезона да биде домаќин во Њу Џерси

Од:

Раководството на канадскиот НБА-лигаш Торонто репторс, размислува следната сезона да биде домаќин во Њу Џерси, пишува „The New York Daily News“.

Веќе биле остварени разговори со операторите на „Пруденшал центар“ во Њујорк, за можноста Репторс домашните натпревари да ги игра во таа арена.

Шампионот од 2019 година, сака да ја одигра претстојната сезона во еден од американските градови, поради ограничувања на движење предизвикани од коронавирусот.

Клубот веќе преговарал со арените во Тампа-беј или Нешвил.

Исто така беше објавено дека Канаѓаните можат привремено да се преселат во Луисвил или Канзас Сити.

Останува да се почека на конечната одлука каде ќе игра Торонто како домаќин претстојната сезона.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он