Торонто го сака Винс Картер назад

Од:

Управата на НБА екипата Торонто сака следната сезона во својот тим да го врати Винс Картер.

Како што пренесуваат медиумите во Канада, раководството на Репторси сериозно размислуваат да му понудат договор на 37 годишниот Картер кој пред три дена со својата екипа Далас го заврши настапот во НБА плејофот.

Картер своите ѕвездени мигови во НБА лигата ги имаше токму во Торонто, за кој настапуваше со успех во периодот од 1998 до 2004 година.

Осум каратниот Ол-стар играч во својата прва сезона во дресот на Торонто го понесе и признанието најдобар дебитант во лигата.

Откако ги напушти Репторси Картер кариерата ја продолжи во Њу Џерси, потоа Орландо, Феникс и во последните три сезони го носи дресот на Далас тим со кој има договор до декември годинава.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он