Првиот предсезонски тест во Формула 1 во Барселона заврши, но поради невообичаено лошите временски услови тимовите не добија доволно корисни информации од него.
Поради студеното и влажното време, како и неуспешниот трет ден поради снегот, повеќето тимови заостануваат во своите прелиминарни програми.
Сепак, можеби неочекувано за многумина, Торо Росо е тимот кој направи најмногу километри „Каталуња“ или вкупно 324. Ова во пракса покажува дека моторот Хонда е значително посигурен отколку што беше пред една година. Тоа е исто така повод за задоволство во тимот, но и за размислување кај поранешниот партнер на Јапонците – Мекларен.
По Торо Росо, најмногу километри – 306 имаа шампионите од Мерцедес, следени од Ферари (298), Заубер (283), Вилијамс (276), Рено (273) и Мекларен (260).
Форс Индија, Хас и Ред Бул беа далеку под очекувањата.
Сега сите се надеваат дека во вторник, кога тестовите ќе продолжат, времето ќе биде многу подобро и ќе се добие пореална слика за тоа што се очекува барем на почетокот на сезоната.