Поголемиот број на дресовите со кои треба да се натпреваруваат екипите на престојното Европско фудбалско првенство содржат опасни супстанци во својот состав. Истражувањата покажаа дека сите тест колекции можат да бидат опасни по животот на фудбалерите.
Пронајдени се вкупно 62 токсични материи кои го надминуваат дозволеното ниво на застапеност во облеката.
Најопасни се дресовите на Германија и Шпанија, двата фаворита за титулата на ЕУРО 2012. Нивните колекции содржат повеќе токсични супстанции над дозволените граници. Во холандскиот и португалскиот дрес пронајдена е поголема количина на никел. Италијанците ќе бидат облечени во дресови опасни за ендокриниот систем поради зголеменото присуство на фенол. Високи количини на калај, штетни за нервниот систем се ставени во маиците на полскиот тим.
„Навивачите и плаќаат дури по 100 евра за дрес на нивниот национален тим. За тие пари, најмалку што треба да добијат е безбедна маица. Неприфатливо е присуството на тешки метали во овие производи“, вели Моника Гвенс, директор на Европската организација за заштита на производители.
Во истражувањето не се вклучени дресовите на хрватскиот, англискиот, данскиот, чешкиот, грчкиот, ирскиот и шведскиот тим.