Комисијата за процена на кандидатите за организација на Летните олимписки игри даде позитивни оценки за јапонската престолнина Токио, кој е еден од потенцијалните организатори на Олимпијадата во 2020 година.
„Организаторите искрено одговорија на сите наши прашања и тоа е податок што импресионира” – изјави потпретседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Крег Ридл.
Вториот човек на олимпиското движење во извештајот потенцира дека организацискиот комитет има огромна поддршка од владата, а тоа е мошне значајно за кандидатурата на секој град.
Ридл позитивно го оцени и расположението во јавноста бидејќи поддршката меѓу граѓаните, која за само една година се зголеми за дваесет проценти. Минатата година поддршката беше 47 наспроти сегашните 70.
Потпретседателот на ИОК најави дека во следниот период ќе ги посети и останатите два кандидати Истанбул и Мадрид по што ќе биде доставен извештајот за сите градови кои се во конкуренција за организација на Игрите во 2020 година.
Конечната одлука ИОК ќе ја донесе на седми септември за време на конгресот што ќе се одржи во Буенос Аирес.