Првиот сериски модел на јапонскиот производител „Тојота“, што како гориво го користи водородот, во Европа ќе почне да се продава од септември, а автомобилите веќе почнаа да пристигнуваат на европско тло.
„Тојота Мираи“ прво ќе им биде понудена на купувачите во Велика Британија, Германија и во Данска, каде веќе постојат станици за полнење гориво, а со развојот на инфраструктурата продажната мрежа ќе биде проширена и на другите западноевропски држави.
Одреден број возила наменети за британскиот пазар однапред се продадени, а купувачите главно се корпорации што ќе ги користат како службени возила.
„Тојота“ за почеток планира во Европа да продаде меѓу 50 и 100 автомобили.
Цената во Германија изнесува 66.000 евра без пресметаниот данок.