„Тојота“ „го тренира“ моделот „Супра“ на патеката во Нирбургринг

Од:

Новиот спортски модел на „Тојота“ е снимен под „камуфлажа“ во текот на тестовите на познатата германска тркачка патека во Нирбургринг.

Како и сите други нови модели на автомобили и моделот „Супра“ пред својата премиера мора да се испитаат на Нирбургринг:

Моделот, што се темели на дизајнерското студио „ФТ-1“ од 2014 година, а создаден во соработка со „БМВ“, најверојатно ќе користи хибриден погонски систем.

Освен бензинскиот мотор, како што пишуваат странските автомобилски медиуми, што поттекнува од „БМВ“, новата „Супра“ ќе добие моќ и од два електромотори. Се очекува погонскиот систем да произведува 350-400 кс.

„Тојота Супра“ треба да има премиера во 2017 година, додека автомобилот во продажните салони ќе пристигне или кон крајот или на почетокот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила