ФОТО: Тојота го претстави Јарис за 2015 година

Од:

Тојота објави први фотографии и технички податоци за редизајнираниот модел Јарис за европскиот пазар.

Најголема промена на игзледот има на предиот дел на возилото, што е дизајниран во обликот на буквата Х, што Тојота првпат го примени на моделот Ајго. Сепак, кај Јарис тоа е нешто подискретно и доминира предната маска од ладилникот.

Редизајнирани се предните светла кои сега имаат дневни ЛЕД светла.

tojotaJariss1

Промена има и на задниот дел, каде браникот има нова форма и дифузер на долниот дел, додека променета е светлосната група кои сега се со ЛЕД технологија.

Во понуда се четири нови 15 и 16 инчни алуминиумски фелни, како и електричнопридвижувани надворешни ретровизори.

Тојота наведува дека е зголемен квалитетот на материјалите во внатрешноста, така што сега изгледаат поубаво и се попријатни на допир, а достапни се и нови дезени и бои.

tojotaJariss2

Во понудата се четири мотори. Најслабиот бензински 1,0 литарски трицилиндерски мотор со 69 коњски сили и помоќниот 1,33 литарски четирицилндерски мотор со 99 коњски сили. На располагање е дизел мотор со зафатнина од 1,4 литри и 90 коњски сили. Јарис Хибрид е опремен со 1,5 литарски бензински и електромотор со комбинирана моќност од 100 коњски сили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска