Tојота е најдобар еколошки бренд за 2013

Од:

Toјота е „Најдобар глобален еколошки бренд”, во извештаојат издаден од страна на агенцијата Интербренд, ја потврди својата водечка позиција, трета година по ред.

Второто место го зазеде Форд а третото Хонда. Интербренд во рамките на извештајот ,ја дефинира разликата помеѓу перцепцијата на корисници и перформансите на брендот кога станува збор за одржлив развој.

Со оваа методологија,над 10.000 испитаници низ светот ја препознале Тојота не само како еколошки бренд туку и како компанија која инвестира во иновативни производи, како возила со хибриден погон чиј најистакнат претставник е моделот Приус.

Низ светот досега се продадени 5,22 милиони Тојота и Лексус хибриди што како резултат има проценето намалување на емисија на CO2 од околу 35 милиони тони.

Тојота во моментов е во процес на тригодишен циклус на лансирање на производи кој има за цел претставување на 21 нов или подобрен хибриден модел до крајот на 2015 година.

Купувачите во Европа сега можат да избираат помеѓу 12 Тојота и Лексус хибридни модели а моментно продажбата на овој вид на возила ја сочинува 18 % од вкупната продажба на компанијата Тојота Мотор Европа.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска