Тој ја однесе репрезентацијата на ЕУРО и веднаш даде оставка

Од:

Јарослав Шилхави поднесе оставка како селектор на Чешка веднаш откако обезбеди пласман на ЕП 2024 година.

Чесите во последното коло освоија „виза“ за Германија со убедливата победа над директниот конкурент за пласман Молдавија со 3:0.

Давид Дудера во 14-та, Томаш Чори во 72-та и Томаш Соучек во 90-та погодија за Чесите за големо славје во Олмуц и второто место во групата зад Албанија (по 15 поени, но послаб меѓусебен учинок).

Но, Чесите останаа без тренер кој ден пред решавачкиот натпревар избрка тројца фудбалери: Владимир Куфал, Јакуб Брабец и Јан Кухта од тимот за нарушување на дисциплината, откако во саботата вечерта излегоа во ноќен клуб.

„Притисокот беше огромен, понекогаш не го разбирав. Иако сме среќни, пред натпреварот јас и моите стручњаци решивме да не продолжиме да работиме во репрезентацијата. За ова го информирав претседателот на здружението Петр Фушка. Притисокот беше огромен, тоа влијаеше на нашата одлука“, изјави Шилхави по пласманот на ЕП.

Шилхави е на чело на Чешка од 2018 година, а често е критикуван поради неговиот стил на игра.

Со 58 е втор во историјата по бројот на натпревари на клупата на Чешка зад Карол Брукнер со 77 пати.

Забележа 28 победи, десет нерешени и 20 порази, а на претходното ЕУРО стигна до четвртфиналето.

На ждрепката за ЕП 2024, Чесите ќе бидат во третиот „шешир“ со Шкотска, Словенија, Словачка и веројатно со Швајцарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Чудно однесување на полскиот селектор на прес-конференција по поразот од Албанија

Предраг Петровиќ

Квалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија

УЕФА излезе со нова „генијална“ идеја, играчите ќе збеснат кога ќе ја слушнат

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска