Новак Ѓоковиќ ја продолжи жетвата на гранслем трофеи откако го освои пехарот Ролан Гарос, по фантастичниот пресврт во годинашното финале и победата од 3-2 над Стефанос Циципас.
Успехот е уште поголем ако се знае дека грчкиот тенисер имаше водство од 0-2 во сетови, пред Ѓоковиќ да воспостави целосна контрола и со извонреден пресврт да стигне до трофејот.
Со тоа, Ѓоковиќ испиша историја станувајќи прв тенисер во историјата со по најмалку два пехари од секој од четирите гранслем турнири.
Joker Joy ?#RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/r5ntuEdmgJ
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 13, 2021
За Ѓоковиќ ова е 19. гренслем титула во кариерата.