Тесен пораз на македонските кошаркари од Хрватска

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија е поразена од Хрватска во последниот контролен натпревар пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2015 година. На натпреварот од затворен карактер одигран попладнево во Загреб, македонските кошаркари се поразени од Хрватска со 69:64.

Ова беше само втор пораз за црвено-жолтите на седумте одиграни натпревари во подготвителниот период.

Првата четвртина избраниците на Александар Џикиќ ја добија со 7 поени разлика (20:13), а на полувремето заминаа со три поени предност 37:34. Предводени од Лукша Андриќ и Дарио во третиот дел „Коцкестите„ Шариќ, стигнаа и до пресврт односно ја завршија четвртината со водство од 49:45.

Петте поени предност Хрватите ги сочуваа до крајот на натпреварот за конечни 69:64. Бојан Трајковски со 13 постигнати поени беше најефикасен во нашата репрезентација. Ричард Хендрикс средбата ја заврши со учинок од 9 поени и 12 скокови, а по 9 поени постигнаа и Ивица Димчевски и Стојан Ѓуроски.

На овој натпревар, единствен во подготовките одигран на гостински терен, Македонија настапи ослабена, без повредените Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски, кои во Скопје ја продолжуваат рехабилитацијата во пресрет неделниот натпревар против Белгија, прв во квалификациите. Покрај Белгија која важи за главен фаворит во групата Д, селекцијата на Македонија за противници ќе ги има и репрезентациите на Данска и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос