Организаторот на играта на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ, е повреден и под знак прашалник е неговиот настап на завршниот турнир од кошаркарската Евролигата.
Србинот не играше за ЦСКА во четвртфиналниот дуел со Басконија во Евролигата, а ги пропушти и натпреварите против Астана во рускиот плејоф.
„Фајнал-фор“ турнирот во Евролигата ќе се одигра од 19 до 21 мај во Истанбул. Противник на ЦСКА ќе биде Олимпијакос. Во другото полуфинале ќе играат Реал Мадрид и Фенербахче.