Тажен крај за Ромео Бекам: На 22 години го напушти фудбалот и ја смени професијата

Од:

Ромео Бекам, синот на познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, реши да се откаже од фудбалот на самиот старт на својата не толку надежна кариера.

Од синовите на Дејвид Бекам се очекуваше кариера на фудбалскиот терен, а најблиску до тоа беше наследникот Ромео, кој имаше шанси ширум светот. Но, тој не успеа.

Ромео Бекам играше за вториот тим на Интер Мајами во САД, а најблиску до сериозен фудбал беше откако минатото лето се пресели во англискиот премиерлигаш Брентфорд.

Сепак, и во Брентфорд чекаше настап за резервниот тим и не се доближи до сениорскиот фудбал. Тоа го принуди да се откаже од фудбалот и да се посвети на сосема нова кариера.

Ромео Бекам одбил да игра за резервниот тим, па на 22 години решил да стави крај на фудбалската кариера. Неговиот следен предизвик ќе биде кариера во модната индустрија.

Се верува дека неговата мајка Викторија Бекам ја инспирирала промената на кариерата, а Ромео потпишал договор со познатата модна агенција Safe Management.

Поради вестите за неговото пензионирање, таткото Дејвид Бекам му испрати емотивна порака за неговиот 22-ри роденден во која вели колку е горд на човекот во кој израснал.

Ромео не е единствениот син на Бекам кој се откажал од фудбалот. Најстариот син Бруклин се обиде да направи кариера преку академијата на Арсенал, но се откажа во 2015 година откако не доби стипендија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

А1он

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра