Таткото на Макс Верстапен го кажа главниот услов за продолжување на договорот со Ред Бул

Од:

Јос Верстапен, татко на пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, кажа што ќе биде пресудно за неговиот син да потпише нов договор.

– Најважно е Макс да добие брз автомобил. Следната година тој дефинитивно ќе вози за Ред Бул, но за 2021 година, прашањето е отворено. Се зависи од тоа дали Макс ќе има автомобил доволно конкурентен да се бори за највисок пласман во шампионатот во 2020 година, изјави Јос.

Макс Верстапен во моментов го зазема третото место во поредокот од шампионатот во Формула 1 со 185 бода зад лидерот Луис Хамилтон кој има 284 и Валтери Ботас со 221 бод.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес