Татко со два сина претепал судии по натпревар во Србија: Ги удирале со рачка од секира

Од:

Инцидент се случи во неделата по натпревар, кога двајца помошни судии беа претепани од жител на Врањска бања и неговите синови.

Како што потврдија за „Новости“ од Основното јавно обвинителство, на 6 ноември, по завршувањето на фудбалскиот натпревар, при излегување од стадионот, во близина на училиштето, С.Д. со двајца негови синови, од кои едниот е малолетник, начекал двајца помошни судии, двајцата од Врање и физички ги нападнале.

Тие прво ги влечеле луѓето кон ѕидот, а потоа ги удирале со тупаници, а потоа С.Д. со рачка од секира го нападнал во предел на грбот едниот од нив, нанесувајќи му повеќе повреди.

За сторено кривично дело полесна телесна повреда во редовна постапка е наредено прибирање информации, прибавување медицинска документација и поднесување кривична пријава против С.Д.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија