Тасовски се враќа во Работнички

Од:

Поранешниот македонски репрезентативец Диме Тасовски повторно ќе го облече „црвено-белиот“ дрес во обид да му помогне на Работнички да постигне подобри резултати во продолжение на првенството.

Тасовски во најтрофејниот македонски кошаркарски клуб настапуваше во неколку наврати и минатите сезони, а последен пат во тимот од „Градски парк“ беше пред четири сезони.

Ова првенство искусниот крилен играч го почна во Струмица.

Трансферот на Тасовски клубот го потврди преку својот Фејсбук профил.

Во Работнички очекуваат Тасовски да им биде од голема помош на искусните Димитар Мираковски и Ѓорѓи Чековски, тандемот кој го понесува главниот товар на средбите на поранешниот македонски шампион.

Тасовски во својата кариера бил играч и на Жито Вардар, Вардар, Политехна, Трепча, Фени Индустри, Лирија и Карпош Соколи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос