„Танго 12” официјалната топка на ЕУРО 2012

Од:

„Танго 12” е офицјална топка со која ќе се игра на Европското првенство во Полска и Украина кое започнува за точно една седмица.

Топката е изработена од „Адидас”, а шефот на оваа фирма за спортски реквизити и опрема најави дека ќе биде побрза од контроверзната „Јабулани” со која се играше на СП во Јужна Африка пред две години.

„Јабулани” доживеа многу критики од играчите кои ја оценија како најлоша топка во историјата на фудбалот. Овој модел заврши и во НАСА на истражување:

„Топката добива чудни патеки при брзина од над 70 километри на час. Најголемиот проблем е тоа што е тешка 440 грама и многу лесно може да го смени правецот”, објавија од центарот на НАСА каде “Јабулани” беше истражувана.

Џанлуиџи Буфон на СП во 2010, прокоментира дека топката е катастрофа и дека е срамота што ФИФА дозволила да се игра со неа.

Најголем проблем со овој модел на „Адидас” беше тоа што тие не земале во обзир дека натпреварите се играа во градови кои беа сместени и над 1500 метри надморска височина – па затоа овој факт многу влијаеше на перформансите на топката.

Од „Адидас” најавија дека ја научиле грешката и дека „Танго 12” досега е најдобрата топка која испаднала од нивните погони. Оваа топка поминала низ тестирања во дури осум земји. Топката е усовршувана и темелно изработена во минатите две години и не би требало често да ја менува траекторијата при шут.

Дизајнерски, таа е спој на топките со кои се играле турнирите во 80-тите години од минатиот век.

Историја на топките на ЕП:

  • Еуро 1972: „Адидас Телстар Мексико”. Со оваа топка се играло и на СП во Мексико во 1970 година.
  • Еуро 1976: „Aдидас Телстар”. Со оваа топка се играло и на СП во 1974.
  • Еуро 1980: Топката со која се играло во Италија, според перформансите и дизајнот била слична на „Танго 12”.
  • Еуро 1984: „Танго Мундијал”. Топка со која се играло во Франција и прва топка која не била направена од кожа.
  • Еуро 1988: „Taнго Европа”. Модифицирана верзија на топката од претходниот мундијал. Направена е на начин да прима што е помалку вода.
  • Еуро 1992: „Eтруско Унико”. Топка со која се играло во Шведска.
  • Еуро 1996: Во Англија се играло со „Куестра Еуропа”.
  • Еуро 2000: „Терестра Силверстрим”. Дизајнот е инспириран од реките во Холандија и Белгија, домаќините на овој континентален собир.
  • Еуро 2004: „Ротеиро” – прва топка без шавови.
  • Еуро 2008: Во Австрија и Швајцарија се играше со „Европас”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска