Што се случува на натпревар кога еден од судиите е повреден? На негово место влегува четвртиот судија. А што ако нема замена за тој арбитар? Па, тогаш се појавува проблем. Така беше и на мечот меѓу Волфсбург и Келн во Бундеслигата каде линискиот судија беше нокаутиран, па еден навивач мораше да биде замена.
Во 14 минута од натпреварот, дефанзивецот на гостите Макс Финкграфе сакаше да ја исфрли топката надвор од тереноте и во таа прилика го удри во глава судијата Торбен Зивер. Тој веднаш падна на земја, лекарите дотрчаа да му помогнат. Никој не сакаше да ризикува, со оглед на можна повреда на главата, и беше одлучено на негово место да дојде четвртиот судија Николас Винтер.
Kto powiedział, że praca arbitra jest bezpieczna? Sędzia meczu Wolfsburg – Kolonia znokautowany. #domBundesligi pic.twitter.com/8OQ10MgxUz
— Viaplay Sport Polska (@viaplaysportpl) January 27, 2024
Но ее заврши тука. Кој ќе биде четврти судија? Прекинот траеше околу 15 минути, се бараше решение. Во еден момент официјалниот спикер ги праша луѓето на стадионот дали некој од нив ги знае правилата. Звучи како филм или комедија, но навистина се случи. Од трибините зборуваше Тобијас Крул, поранешен играч на академијата на Волфсбург, а сега судија аматер. Мораше да „скокне“ и да добие можност да биде дел од судискиот тим на мечот од Бундеслигата.
Натпреварот некако заврши, резултатот беше нерешен (1:1). Гостите поведоа преку Алиду во 38. минута, само две минути подоцна израмни Паредес. Првото полувреме беше продолжено за 16 минути, па по повеќе од 100 минути игра дуелот беше завршен.