Деветта титула во низа за Баерн Минхен

Од:

Фудбалерите на Баерн Минхен ја обезбедија денеска деветтата последователна шампионска титула во Бундеслигата, откако нивниот единствен конкурент во трката за трофејот Лајпциг загуби на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 3:2.

На две кола до крајот на сезоната, поразот го остави Лајпциг на второто место со 64 бодови, седум помалку од Баерн спроти вечерашниот дуел на „баварците“ на домашен терен од 18:30 часот против Борусија Менхенгладбах.

Шампионската титула е единствениот трофеј сезонава за Баерн Минхен по нивната елиминација претходно во германскиот Куп и Лигата на шампиони.

Во преостанатите три натпревари денеска во рамки на 32. коло во Бундеслигата, Волфсбург направи чекор напред кон обезбедување место во Лигата на шампиони со триумфот дома од 3:0 над Унион Берлин, Хофенхајм со 4:2 го совлада Шалке, а без голови заврши натпреварот меѓу Вердер и Баер Леверкузен.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Баерн веќе не мора ноќта пред домашните натпревари да ја поминуваат во хотел

А1он

ВИДЕО: Левандовски не ги послуша молбите на Германците, го урна рекордот на Герд Милер

Катерина Павлова-Николовска

Баерн ја заврши годината со добивка и покрај коронавирусот

Не успеа и третиот обид за нов договор меѓу Баерн и Алаба

Жарко Настоски

ЛШ: Европскиот шампион го прегази Атлетико, Лукаку го спаси Интер во Милано

Жарко Настоски

Коронавирусот не го одмина ни европскиот шампион Баерн, Гнабри е позитивен

Жарко Настоски