По една недела пауза најдобрите 24 екипи од ракометната Лига на шампионите ги продолжуваат борбите за подобар пласман во групите.
На програмата е 3. коло, а денеска се играат два натпревара. Во Унгарија Веспрем е домаќин на Мотор Запорожје што е дуел на двете првопласирани екипи во групата А, додека во Ц групата Динамо Минск ја пречекува екипата на Вакер Тун.
Овој натпревар е од Ц групата, во која играат и македонските екипи. Барселона в сабота е домаќин на Металург, додека в недела во Скопје кај Вардар гостува ПСЖ.
Распоред на натпреварите и табелите:
Ц група: Динамо Минск – Вакер Тун, Барселона – Металург и Вардар – ПСЖ.
Табела: Металург 4, Барселона 3, ПСЖ 2, Динамо Минск 2, Вардар 1, Вакер Тун 0.
А група: Веспрем – Мотор Запорожје, Санкт Петребург – Загреб КО и Цеље – Рајн Некар Ловен.
Табела: Веспрем 4 бодови, Мотор 3, Цеље 2, Загреб КО 2, Рајн Некар Ловен 1, Санкт Петербург 0.
Б група: Порто – Кил, Данкерк – Колдинг и Висла – Киелце.
Табела: Киелце 4, Кил 4, Висла 2, Колдинг 2, Данкерк 0, Порто 0.
Д група: Алборг – Хамбург, Халмштад – Ла Риоха и Флензбург – Горење.
Табела: Хамбург 4, Флензбург 4, Алборг 2, Горење 2, Халмштад 0, Ла Риоха 0.