Стојановски: Сите играчи и се потребни на репрезентацијата, Џикиќ ќе одлучи кој ќе игра

Од:

Еден од лидерите на македонскиот национален тим Војдан Стојановски кој беше најзаслужен за пласманот на ЕП 2015 година одигра неколку одлични натрпевари по ред во Евро лигата и германската лига а неговиот тим Алба од Берлин обезбеди пласман меѓу најдобрите европски тимови. Интервјуто во кое што тој говори за тимот, за повредата на брат му, за репрезентацијата е направено по средбата со Цедевита од Загреб во петокот која не одлучуваше ништо на табелата во Евролигата.

Војдан, загубивте против Цедевита, но сепак се пласиравте меѓу најдобрите 16 екипи од цела Европа. Се работи за голем успех?

Да голем успех, со оглед на тоа што никој не очекуваше тоа затоа што на почетокот доживеавме два порази од Макаби и ЦСКА. Никој не се надеваше дека можеме да влеземе во топ 16, сите мислеа дека ќе продолжиме да играме во Еврокупот но продолживме да играме против Уникаха, Лимож Цедевита на гости и изборивме заслужено во топ 16.

Не се разботи само за успех за Алба ова е и твој личен успех.

Да, ова е моја прва сезона да играм во Евролигата и веднаш меѓу 16 најдобри екипи. Стварно е тоа феноменално, во група сега сме со Реал Мадрид и Барселона, Панатенаикос, Галатасарај и пак Макаби. МНогу силна група но и во другата да бевме ќе беше исто со имаше силни противници.

Овде си веќе втора година, претходно беше во Украина, тешко ли е да се живее надвор од Македонија, да се прифати начинот на живот кој што го има на пример овде, во Германија?

Малку беше чудно лани кога дојдов овде, има преголема дисциплина, се е под конец и мора да ги почитуваш сите правила. како во државата, така и во клубот и во градот и се функционира како под конец.

Овде во Берлин живеат околу 2000 Македонци, се дружиш ли со нив се среќавате ли?

Се среќаваме, доаѓаат на натпреварите. Вечерва не беа овде, за жал, но кога играме во нашата сала 02 доаѓаат редовно, и по натпреварите се дружиме.

Твојот брат Дамјан мина низ оперативен зафат, претпоставував дека и ти како и третиот брат тешко го доживеа тоа.

Да, Дамјан го повреди лигаментот на коленото што е најтешка повреда во кошарката. Но тоа е спорт, повредите никогаш не најавуваат, едноставно се случува и мора да се прифати и да се започне побрзо рехабилитацијата. Со дисциплина и мислам дека ќе биде пак стариот по 6 месеци.

Освен тоа што како брат те боли неговата повреда ќе имаше проблеми и во репрезентацијата каде што заедно со Дамјан сте главни играчи во оваа нова генерација македонски репрезентативци. Ќе биде ли надополнето ова место додека се врати Дамјан?

Мислам дека ќе се надополни но мислам дека и тој ако биде рехабилитацијата како што треба, до август има 8 месеци мислам дека ќе биде подготвен. Но и доколку не биде подготвен, јас се надевам дека ќе биде, има доволно играчи, Симоновски, Димчевски, Соколов, сигурно ќе го надополнат неговото евентуално отсуство.

Спомена неколкумина од тие што играа во последните квалификации, очекуваш ли дека и некој од онаа репреентација од Литванија би можел да се врати? Каков е твојот став по тоа прашање? Има многу контроверзи на таа тема, некои велат дека можеби не треба да играат тие што тогаш одбија да играат, други пак велат дека секој играч е потребен на репрезентацијата.

Секој е потребен на репрезентацијата, знаеме Македонија не е голема земја и сите што ќе одлучат да играат ќе ни бидат добредојдени ќе ни помогнат сигурно многу.

Бо Мекелеб деновиве имаше проблеми во Баерн, има ли шанси и тој да заигра повторно за националниот тим, какви се твоите информации? Верувам дека е лесно да се игра со него, и за тебе полесно?

Како да не, полесно е и за мене, но тоа ќе треба да го одлучи селекторот, дали ќе ни треба висок играч или низок, плејмекер. Тоа е секако до Џикиќ, тој ќе треба да одлучи. И Хендрикс покажа дека е квалитетен играч дека е баш тимски играч. А да не збориме за Бо, знаеме што се направи за Македонија и колку квалитетен играч е.

Коментар за групата во Загреб?

Групата е солидна ниту е тешка ниту е лесна. Мислам дека со добро подготовки, ако добро се воиграме, мислам дека можеме да минеме понатаму.

Очекуваш повторно илјадници Македонци во Загреб, веќе има најави дека се резервираат карти, се организира сместување?

И јас слушнав дека голем број Македонци планираат да дојдат во Загреб, ќе ни биде од огромна помош за да одиме во следен круг. А според новиот систем на Фиба со една победа се влегува во следниот круг.

Кажи ми какво е чувството кога се игра пред преполна сала со македонски навивачи, колку проценти даваш од себе кога е салата преполна кога е атмосферата вжештена?

Едноставно кога ќе те стигне умор, всушност не го чувствуваш уморот. И секогаш си на 150 проценти.

Со колку проценти играше кога ги даде петте тројки против Литванија? Размислуваше ли тогаш за замор?

Не тогаш нема замор, на такви натревари заморот се чувствува два часа по натпреварот, за време на играта адрнелинот е голем и нема замор.

Во што е разликата меѓу репрезентација и клубовите. И овде во Берлин има одлучна атмосфера Алба во О2 арената игра пред 10,12,15 илјади луѓе и и во салата Макс Шмелинг секогаш е преполно. Има ли разлика со играње за репрезентација?

Има се разбира, јас секогаш давам 100 проценти, но за Македонија кога играм некако е повеќе со емоции и баш сакаш да играш. Ниту си платен ниту од други причини, туку од љубов кон државата, кон земјата, да направиш среќен толку многу луѓе како што направивме во Литванија. Мислам дека тоа нема цена.

За могумина и ова што сега го направивте со оваа репрезентација е огромна работа, затоа што на почетокот многумина ве отпишаа, не веруваа дека можете да се пласирате на европското првенство.

Никој не очекуваше и кога ја добивме групата и посебно кога се знаеше кој ќе игра а кој не, но добро тргнавме со селекторот, добар систем постави, се боревме многу како што впрочем секогаш се бориме за Македонија. И мислам дека со две три засилувања од тие што не беа на квалификациите мислам дека пак ќе направиме успех. Со добро подготовки и пред се здравје.

Какви се плановите за во иднина, сега си во Алба?

Сега сум тука а за после ќе видиме.

На последните квалификации се појавија нови талентирани играчи, но впечаток е дека после вас, ти и Дамјан на пример имате по 27 години, нема многу екстра таленти коишто би можеле да ве наследат откако ќе се пензионирате?

Реално не ги знам сите ммлади играчи, ги познавам тие што тренираа со нас во сениорската репрезентација. Магдевски, Горјан Марковски штета што се повреди, се надевам дека ќе се врати уште посилен, Младеновски, се одлични играчи. Димитриевиќ младиот што игра во Шпанија го следам, и тој одлично игра. Мислам дека ќе излезат таленти, сметам дека добро се работи во кошаркарските школи.

Во Македонија има дилема што треба да биде национнален спорт, кошарката или ракметот. Ти, претпоставувам, си за кошарката?

Јас сум нормално за кошарката, но во ракометот два тима играат во лигата на шампионите неколку години, ја полнат салата „Борис Трајковски“ до последно место и тоа е феноменален успех. Во кошарката мислам дека треба да се приклучат еден-два тима во евролигата и мислам дека ќе биде на исто ниво како во ракометот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос