Поранешниот капитен на македонската кошракарска репрезентација, Врбица Стефанов ја прифати понудената соработка од новиот селектор Драган Раца и стана дел од стручниот штаб на „црвено-жолтите“.
Стефанов се враќа во репрезентацијата на Македонија по пауза од три години, но сега во нова улога како еден од помошниците на Драган Раца.
Нашиот легендарен бек по долгогодишната кариера како кошаркар репрезентативец од 2011 до 2013 година беше директор на националниот тим, позиција која ја напушти во 2013 година. Првиот тренерски ангажман Стефанов го имаше во младинската екипа на МЗТ Скопје Аеродром , потоа кратко беше и прв тренер на нашиот шампион.
Во разговор за официјалната интернет страница на МКФ Врбица Стефанов истакна дека првите разговори за неговиот ангажман во најдобриот тим ги имал пред повеќе од еден месец.
– Во нашиот долг разговор сакав да ги слушнав размислувањата на селекторот Драган Раца поврзани со репрезентацијата. Уште на почетокот на разговорот заклучив дека имаме исти гледишта и ставови за многу работи поврзани со селекцијата што многу ми се допадна. Од селекторот побарав само два дена, но, не за да размислам околу мојот ангажман во националниот тим, туку за да ги реорганизирам претходните лични ангажмани кои ги имав планирано, за комплетно да можам да се ставам на располагање на стручниот штаб, истакнува Стефанов.
Позитивната енергија која Драган Раца ја покажа на нашата средба. Воедно националниот тим е секогаш на прво место. Работата со кошаркарите е нешто што ме прави среќен и исполнет. Нешто што најдобро го знам, додава еден од најдобриот играчи во историјата на македонската кошарка.