Стеф Кари испиша историја во НБА: Нов договор и неверојатен рекорд

Од:

Стеф Кари потпиша двегодишно продолжување на договорот со Голден Стејт Вориорс вредно 116 милиони долари, а со новиот договор стана играч со најголема вкупна заработка во историјата на НБА од договори за играње.

Според податоците на ESPN, вкупната заработка на Кари од НБА договори сега изнесува околу 652 милиони долари, со што ги надмина Кевин Дурент, кој е на 598 милиони, и Леброн Џејмс со 592 милиони долари.

Кари во петокот се договори за нов двегодишен договор со Голден Стејт, а според Шемс Чаранија од ESPN, прифатил и намалување на заработката од околу 20 милиони долари за Вориорс да имаат поголема финансиска флексибилност во пресрет на летото 2027 година.

Голден Стејт наводно му понудил на Кари неколку различни опции – од максимален договор, преку договор со помала плата за тимот да има повеќе простор за ангажирање играчи, до можноста да почека почетокот на сезоната или следното лето.

Искусниот плејмејкер одлучи да ја прифати финансиски помалку исплатливата опција и дел од просторот да му го остави на клубот за потенцијални засилувања.

Според процените на американските медиуми, Вориорс следното лето би можеле да имаат дури 64 милиони долари простор во селери-капот, што би им овозможило да донесат значајни засилувања околу Кари.

Кари, кој има 38 години, целата НБА кариера ја помина во дресот на Голден Стејт Вориорс.

Со клубот освои четири шампионски титули, а двапати беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Еднаш го освои и признанието за МВП на финалето.

Кари 12 пати настапи на Ол-стар натпреварот, а 11 пати беше избран во една од најдобрите петорки во НБА.

Би можело да ве интересира

Партизан по 19 години ја прекина сушата

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ