Ставрев ќе го суди мечот Челси – Спарта Прага

Од:

Македонскиот судија Александар Ставрев уште еднаш добива признание дека е во судиската елита на УЕФА.

Започнува меѓународната пролетна сезона и за нашиот најдобар судија кој доби чест да му суди на актуелниот европски првак, Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Ставрев ќе биде првиот македонски судија кој ќе ја дели правдата на некој клуб од Англија или пак ќе суди во Англија. Тој ќе го суди реванш мечот на Челси во Лигата на Европа против Спарта Прага во четврток.

На Ставрев кој до сега им делел правда на Барселона, Јувентус, Валенсија, Порто, Баерн Минхен, на мечот во Лондон ќе му асистираат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврт судија ќе биде Душко Милошевски.

Македонски судии секако ќе има и зад головите, кои ќе внимаваат на гол линијата и шеснаесетникот, а таму ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.

Би можело да ве интересира

УЕФА го зголеми фондот за клубовите кои не играат во европските натпреварувања

УЕФА сака да ја комплетира Лигата на шампионите најдоцна до 3 август

А1он

Платини ја тужи УЕФА за 7,2 милиони евра

Ердоган ја обвини УЕФА за дискриминација

Милан може доброволно да прифати една година без фудбал во Европа

Почетино доби условна казна од УЕФА