Само два дена по завршувањето на натпреварите во лигашкиот дел, денеска стартува разигрувањето за во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Попладнево во Кавадарци и Куманово ќе се играат првите дуели од четвртфиналната рунда во плејофот.
Во Кавадарци од 18 часот во салата „Јасмин’’ екипата на Фени Индустри го пречекува гевгелиски Кожув.
Еден час подоцна (19) во Куманово кај истоимената домашна екипа гостува најтрофејниот македонски тим Работнички.
Натпреварите од четвртфиналната серија ќе се играат во три добиени натпревари, а поради подобриот „скор„ во меќусебните дуели од лигашкиот дел на сезоната, Фени Индустри и Куманово ќе стартуваат со предност од 1-0 во победи.
Во првата фаза од плејофот слободни се МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, тимови кои ги освоија првите две места на табелата, а со тоа и директно обезбедија пласман во полуфиналето.