Со полуфиналните борби во Радовиш денеска стартуваа 42-то издание на Златниот гонг.
Една од најстарите спортски манифестации во нашата земјал Златниот Гонг годинава ќе се одржува во Радовиш и Скопје.
Денеска во Радовиш започнаа полуфиналните борби, а утре во малата сала на СЦ Борис Трајковски во Скопје од 12 часот започнуваат финалните борби.
На 42-то издание на „Златниот гонг“ ќе настапат над 46-мина боксери од осум земји, Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, и разбирливо МАкедонија која ќе биде претставувана од осуммина боксери.