Стартува завршниот турнир на кошаркарската Евролига

Од:

Разврската во кошаркарската Евролига оваа година ќе се одржи во Мадрид, а со денешните два дуела од полуфиналето ќе стартува и завршниот турнир (Ф4). Учесници на Ф4 оваа година се: Реал Мадрид, Фенербахче, ЦСКА Москва и Олимпијакос. Ланскиот шампион Макаби беше елиминиран од Фенербахче во четвртфиналето.

Поради домашниот терен мала предност му се дава на тимот на Реал Мадрид, кој пак очајно посакува нова европска титула бидејќи последната ја освои пред точно 20 години. Нивниот противник во полуфиналето турски Фенербахче е тим кој оваа сезона постепено ја подига формата.

ЦСКА Москва и Олимпијакос на последните четири завршни турнири дури трипати играа меѓусебе. Рускиот тим сака „одмазда“ за поразот во финалето 2012 година кога Јоргос Принтезис постигна кош во последната секунда за победа на Олимпијакос, а ЦСКА Москва водеше и со 19 поени разлика.

Во полуфиналните дуели ќе играат: ЦСКА Москва – Олимпијакос (почеток 18 часот) и Реал Мадрид – Фенербахче (21 часот).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска