Стартува втората етапа во првата кошаркарска лига

Од:

Со натпреварите од 10. коло, во кошаркарскиот шампионат на Македонија, започнува втората етапа во Првата машка лига.

За денеска закажани се два натпревари. Од 18 часот во Штип ќе се сретнат два тима дебитанти во прволигашката конкуренција Гоце Делчев и Водњански лисици. Час подоцна (19) во Куманово кај истоимената екипа гостува составот на Струмица.

Поради настапот на нашиот првак во регионалната АБА лига,  натпреварот Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во среда (17 декември).

Колото ќе биде комплетирано дури во петок (19 декември) за кога е закажан дуелот меѓу Карпош Соколи – Кожув.

Слободен во ова коло е тимот на Работнички кој по деветте одиграни кола е на првото место на табелата.

МЗТ Скопје А. 14 (8 одиграни натпревари), Работнички 14 бодови (8), Куманово 13 (8), Фени Индустри 13 (8), Карпош Соколи 13 (8), Кожув 12 (8), Струмица 11 (8), Гоце Делчев 9 (8) и  Водњански Лисици 8 (8)

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос