Со двата натпревара од првото коло што се играат вечерва стартуваат дуелите во ракометниот плеј оф, што значи и борбата за шампионската титула. Во Охрид истоимениот тим е домаќин на Еурофарм Работник, додека во Велес Борец е домаќин на екипата на Пелистер.
Почетокот на двата натпревара е во 19:30 часот.
Дербито на колото се игра во недела во салата „Автокоманда“. Во дуелот на СЕХА-лигашите од Македонија Металург е домаќин на шампионот Вардар. Натпреварот почнува во 18 часот.