Стартува кошаркарската Супер лига

Од:

Откако пред само два дена заврши првиот дел од сезоната во македонското кошаркарско првенство, односно Првата лига, денеска започнуваат натпреварите во Супер лигата, по која четирите најдобро пласирани екипи ќе обезбедат пласман во плејофот.

Дербито од 1.коло во Супер лигата ќе се игра во Гевгелија, каде екипата на Кожув го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром во натпревар кој ќе започне од 19 часот.

Еден час порано (18) во салата „Јасмин’’ во Кавадарци, екипата на Фени Индустри ќе игра против второ пласираниот Работнички.

Во првото коло требаше да играат и екипите на Карпош Соколи и Куманово, но дуелот е одложен поради немање документација (пререгистрација) на екипата на Карпош Соколи во Акционерско друштво, (според актуелниот Закон за спорт). Дали Карпош Соколи ќе добие „зелено светло„ за настап во Супер лигата останува да се види, а на оваа тема веќе в понеделник ќе заседаваат и прволигашите на седницата на здружението.

Табела: МЗТ Скопје А. 28 бодови, Работнички 27, Карпош Соколи 27, Фени Индустри 26, Куманово 26 и Кожув 25.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос