Стартува финалето на кошаркарскиот плеј оф

Од:

Првиот финален натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродорм и Куманово од борбата за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија се игра вечерва во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродорм одбраната на титулата ќе ја почне на домашен терен, што е голема предност врз основа на резултатите на тимовите одиграни досега.

„Предизвикувачот“ Куманово по цели 13 години игра финале на плеј офот, но кумановчани веќе направија едно изненадување во плеј офот победувајќи го освојувачот на Купот на Македонија Работнички. Притоа екипата на Куманово доколку сака да стигне до пехарот ќе мора да победи најмалку на еден натпревар во Скопје и со две домашни победи да се надева на шампионскиот пехар.

За МЗТ Скопје ова ќе биде 10-то финале во плеј офот, а имаат три титули (2012, 2013 и 2014 година), додека Куманово беше финалист само во 2002 година.

Оваа сезона меѓусебниот скор е 3-1 во победи за МЗТ Скопје. Финалната серија се игра кој прв до три победи со тоа што домаќинот наизменично ќе се менува (1-1-1-1-1), а доколку се играат пет натпревари шампионот ќе биде познат на 7 јуни.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос