Ракометарите на Охрид и на Пелистер со победи го почна плеј офот. На дуелите одиграни синоќа од 1.коло постигнаа победи на Работник Еурофам односно Борец.
Охрид отпорот на гостите од Битола, Работник Еурофарм го скршија дури во второто полувреме, откако по првиот дел битолчани водеа со 13:11. На крајот Охрид се радуваше на триумф од 28:23. Во Велес, Пелистер како гостин го совлада Борец со 33:29.
Дербито на првото коло се игра попладнево во салата во населбата Автокоманда, каде металург го пречекува првакот Вардар. Почетокот на дуелот е во 18 часот.