Со двата натпревари кои се одиграа доцна попладнево во Истанбул и Москва започна новата сезона во кошаркарската Евролига.
На средбата во Истанбул, Реал Мадрид забележа триумф над Анадолу Ефес со 88-74, додека во Москва, очекувано ЦСКА славеше победа над Армани Милано со 93-84.
Во воведното коло вечерва се играат и средбите Бамберг – Макаби Тел Авив и Олимпијакос – Басконија, како и дуелот во Виторија во кој Уникаха го пречекува бранителот на шампионскиот трофеј Фенербахче.
Преостанатите три натпревраи од првото коло ќе се играат утре, а во нив се среќаваат: Химки – Валенсија, Жалгирис – Црвена звезда (од 19 часот) и Барселона – Панатинаикос (21).