Старт на „Училишната спортска лига Центар“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја отвори „Училишната спортска лига Центар“.

Вкупно 336 ученици од сите 7 основни училишта во општина Центар, ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.

„Општина Центар и јас како градоначалник ќе продолжиме да го негуваме и развиваме спортот и спортскиот дух кај најмладите“  , рече градоначалникот Жерновски, прогласувајки ги игрите за отворени.

Тој ги додели решенијата  за стипендии на 8 спортисти-ученици кои покажаа одлични резултати во претходната натпреварувачка сезона.

Најталентираните спортисти ќе добиваат по 3.000 денари месечна стипендија.

Спортските игри беа отворени во салата на КК Работнички, а натпреварите ќе се играат во текот на учебната 2016/2017 година, во училишните спортски сали.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории