Среброто на Дејан е историски успех, вели тренерот Костовски

Од:

Дарко Костовски, тренерот на македонскиот теквондист Дејан Георгиевски, му го честиташе на својот ученик освоениот сребрен медал на Игрите во Токио, оценувајќи го како најголем спортски успех од независноста на македонската држава.

– Го имаме најголемиот историски успех откако нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска икона и идолот на новите генерации, објави Костовски на социјалните мрежи непосредно по финалната борба.

Георгиевски попладнево стана првиот македонски олимпиец кој освои медал на Игрите во Токио, откако се пласира во финалето во категоријата над 80 килограми, во кои загуби од Русинот Владислав Карин со 15:9.

На патот до финалето, македонскиот таеквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба, Сејду Гбане од Брегот Слонова коска и Јужнокoреецот Ин Дон.

Сребрениот медал на Георгиевски е второ олимписко одличје за македонскиот спорт воопшто, по бронзата на борачот Мохамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000-та година.

Би можело да ве интересира

Македонската репрезнтација во традиционално таеквондо на Европскиот шампионат во Словенија

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Охриѓанката Христијана Парулеска на тронот на Европа во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Сребрен медал за теквондо за репрезентативката Парулеска на контитиненталниот шампионат во Италија

Ана Ололовска

Прво државно првенство во традиционално таеквандо во Охрид

Ана Ололовска

Сребро и бронза за македонските таеквондисти на Президент Купот во Истанбул

А1он