Србиновски: Мечот со Холандија клучен за нас

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Србиновски на прес-конференцијата пред патувањето во Загреб на Европското првенство очекува натпреварот со Холандија од 2.коло да биде решавачи за пласманот на неговите избраници.

– Очекувам на секој натпревар да го дадеме максимумот. Секоја победа за оваа репрезентација е успех на ова Европско првенство, а евентуални две победи и пласман во втората фаза би бил феноменален резултат. Шансата ја гледам во дуелот со Холандија што за мене е клучен меч на првенството. Прво треба да го добиеме тој натпревар, а потоа да ни се отворат картите и да видиме зависно од другите резултати со уште една победа да се пласираме во осминафиналето, изјави Србиновски.

За одлуката кои 12 да патуваат во Загреб, Србиновски рече дека тоа била тешка задача, но смета дека се одбрани тие што во моментов најмногу можат да одговорат на барањата.

Македонскиот селектор вели дека неговите избраници треба да дадат 120% од своите можности и да се борат до крај за секоја топка.

– Без одбрана нема победа. Ако сакаме успех мора да играме на граница на фаул, па дури и на фаул па да се прилагодиме на критериумот на судење. Секако дека како ќе играме зависи и од противникот и колку тој ќе ви дозволи.

Според Србиновски здравствениот билтен во репрезентацијата е добар, очекува сите да му бидат на располагање на почетокот на шампионатот, но напомена дека доцното доаѓање на Хендрикс и неговата нецелосна физичка подготвеност, како и ситните повреди на неколку играчи му создале мали проблеми во подготвителниот период, но очекува до сабота се да биде во ред.

Македонските кошаркари натпреварите на Евробаскетот ги почнуваат в сабота во 18 часот против Грција.

Македонија утре со авион заминува за Загреб каде ќе се играат натпреварите од Ц групата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос