Ждрепката за квалификациите за СП 2026 ја спои Србија со еден исклучително тежок ривал, но и со друг против кого се очекуваат многу тензии. Англија е голем фаворит за првото место во групата и директен пласман на завршниот турнир, а „орлите“ на крајот мораат да играат со Албанија.
Во групата се и селекциите на Летонија и Андора, а кога беше објавен распоредот стана јасно дека избраниците на селекторот Драган Стојковиќ Пикси ќе останат без навивачи во Тирана.
Веројатно оваа мерка ќе беше воведена и без казната што ја добија репрезентативци пред три дена, кога поради лошата организација на дуелот со Швајцарија и Данска во Лесковац.
Покрај 173.000 евра, Србија ќе мора делумно да затвори делови од трибините за следните два натпревари на домашен терен, а за следните два гостувања нема да има распределени билети.
Во превод тоа значи следново, во баражот за опстанок во Лигата на нациите против Австрија во Виена на 20 март, нема да има организирана поддршка за орлите (иако се очекува организирана дијаспора), додека во реваншот на 23 истиот месец на домашен терен ќе има помалку луѓе од капацитетот на стадионот на кој ќе се игра натпреварот.
Дополнително, првиот натпревар во квалификациите за СП е закажан за седми јуни против Албанија на гостински терен, па навивачите дефинитивно нема да бидат таму, додека против Андора, капацитетот дома ќе се намали.
Првото место носи директно патување до завршниот турнир, второто место во плеј-офот.