Репрезентацијата на Србија го освои првото место на Европското првенство во баскет 3х3 кое се играше во романската престолнина Букурешт.
Србите синоќа во финалето ја победија Летонија со 19:18.
Трофејот на Србија и го донесоа Душан Булут, Марко Савиќ, Дејан Мајсторовиќ и Марко Ждеро.
Шампионскиот трофеј од ЕП беше единствениот на оваа репрезентација кој и недостасуваше во низата трофеи од големите натпреварувања.